Младински Совет Прилеп, во соработка со организација АЛДА, спроведе едно-дневна работилница на тема „Владеење на правото и основни човекови права“ на ден 11.12.2020 година, во рамките на проектот Regional Youth Compact for Europe.
На работилницата младите се запознаа со основните човекови права преку нивно визуелно претставување, што значи владеење на правото и, како тие сами можат да придонесат за следење на реформите во овие полиња.
Младински Совет им се заблагодарува на учесниците за нивното учество и се надева на понатамошна соработка.