Светски хуманитарен ден

Светски хуманитарен ден

Младински Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА заедно со Младински Совет Прилеп и своите локални волонтери, Ве повикуваат да се придружите на Хуманитарната акција по повод Светскиот хуманитарен ден.

Наша цел е да собереме школски прибор или парични средства со кои би го купиле истиот, за подоцна да ги донираме истите во Центар кој работи со мали дечиња и има потреба од сите нас!
Ќе поставиме штанд во близина на Саат Кулата во Прилеп. Штандот ќе биде на таа позиција од 10:30 до 13 часот, па доколку сте во можност било како да ни помогнете, слободно посетете не!
Секоја година на 19ти Август, светскиот ден на хуманитарноста е насочен кон почитување на хуманитарните напори ширум светот и пропагирање на идејата за поддршка на луѓето во криза. На овој ден се залагаме во име на целата хуманитарна заедница.


Print   Email