Во просториите на Офицерски дом, Битола, се одржа значаен настан – „Регионална платформа за млади “, како дел од активностите во рамките на проектот „Младински политики по мерка на младите“.
Цел на настанот ?
Настанот беше посветен на креирање и унапредување на младинските политики во деветте општини од Пелагонискиот регион. Целта беше да се презентираат секторските анализи, да се дискутираат предизвиците со кои се соочуваат младите во тие региони и да се усвојат конкретни мерки и препораки, кои ќе се применуваат на локално ниво со цел подобрување на квалитетот на животот на младите.
Кој учествуваше?
На настанот учествуваа градоначалници, претставници од локалната самоуправа и советите на општините како и претставници на младинските организаци. Оваа платформа овозможи директен дијалог помеѓу носителите на одлуки и младите, со цел да се создадат ефикасни и одржливи решенија за предизвизиците со кои се соочуваат младите.
Што следува?
Овие усвоени мерки треба да бидат имплементирани во сите девет општини од регионот. Ова е само почеток на еден процес кој ќе донесе конкретни промени за младите! Преку активна соработка, потребите на младите и нивните идеи ќе бидат преточени во конкретни младински политики кои што ќе донесат промени во сите општини од Пелагонискиот регион!
Оваа активност е резултат на проектот ,,Младински политики по мерка на младите’’.
Проектот е поддржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.