На 23 декември 2024, Младински Совет Прилеп беше дел од Завршната конференција, каде беа претставени предложените измени за подобрување на Законот за младинско учество и младински политики.
Водени од трите национални мрежи: Коалиција на младински организации СЕГА, Национален младински совет на Македонија и Сојуз за младинска работа, а со поддршка на младинските организации, се изработија предлози кои ќе ја унапредат младинската политика во земјава!
Со овие предлози, ќе осигураме дека:
-
Ќе се формира Националното собрание на млади!
-
Ќе се формира Национално советодавно тело!
-
Секој град ќе има Локален младински совет!
-
Ќе се отворат Младински Центри во секоја општина!
-
Државата и општините ќе одвојат дел од буџетот за младински активности!
-
Ќе се воведат прекршочни одредби за градоначалниците кои нема да го спроведуваат законот!
Нашата цел е реално остварување на правото на младите на младинско организирање и младинско учество!