Продуктивна дискусија во Работните Групи на Националната Работилница за измени и дополнување на Законот за младинско учество и младински политики.
Младински Совет Прилеп имаше чест да биде Фасилитатор на една од трите работни групи на Националната работилница, каде што младите - учесници на работилницата, споделија идеи и предлози за подобрување на младинските политики.
Целта на оваа работилница беше да се дефинираат конкретни препораки за измени и дополнување на Законот за младинско учество и младински политики.
Преку младинските консултации се отвара пат за подобрување на Законот за младинско учество и младински политики, што ќе има директно влијание на положбата на младите во државата. Со усвојување на предлозите и препораките што произлегуваат од дискусиите, ќе се обезбедат подобри можности за младите да бидат активно вклучени во процесите на одлучување, како и да имаат право на еднаков и праведен третман во сите сфери на општествениот живот.
Овој настан е важен чекор кон креирање на поддршка за младите и овозможување на нивно активно учество во градењето на својата иднина.
Настанот е дел од Младинските Консултации, спроведени од Коалиција на младински организации СЕГА во партнерство со Национален младински совет на Македонија (НМСМ) и Сојуз за младинска работа, и има за цел да обезбеди младински глас во креирањето на поефективни и инклузивни политики за младите во Македонија.