Добредојдовте на страната на Младински Совет Прилеп!

Вести

Како до подобра примена на Законот за младинско учество и младински политики?

Како до подобра примена на Законот за младинско учество и младински политики?

Младински Совет Прилеп со задоволство го објавува своето учество на тркалезна маса „Како до подобра примена на Законот за младинско учество и младински политики (ЗМУМП)“заедно со клучните чинители за младинските политики, а во организација на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“.

На тркалезната маса беа презентирани наодите од анализата за влијанието од имплементацијата на ЗМУМП, како и сите настанати предизвици при примена на Законот по повеќе од 4 години од неговото усвојување.

Посебен фокус беше ставен и на предизвиците во процесот на формирање на Локалните младински совети како и нивната НЕфункционалност во пракса.

Беше истакната силна поддршка и разбирање од страна на донесувачите на одлуки, и се донесе заеднички став дека е неопходно да се направат измени и дополнувања на Законот за младинско учество и младински политики со што би се осигурила целосна негова примена во пракса.

Младински Совет Прилеп и понатаму ќе се застапува за подобрување на статусот на младите во општеството преку доследна примена на Законот за младинско учество и младински политики!


Print   Email

Publish modules to the "offcanvs" position.