Со третата обука „Мапирање на потреби во локалната заедница и застапување на младински потреби“ Младински Совет Прилеп успешно го заврши циклусот на обуки наменети за Локалниот Младински Совет и Локалното Собрание на млади на Општина Кривогаштани.
Оваа обука се одржа во период од 25 - 27 март 2024 година во Струга, и придонесе младите од Општина Кривогаштани да се стекнат со техники и вештини за мапирање и застапување на нивните потреби, придонесувајќи кон нивната способност да влијаат врз работата на општинските совети.
Младите, сега, знаат како да креираат „План за застапување“, како една од алатките за јавно застапување на нивните потреби пред донесувачите на одлуки.
Обуката се организира во рамките на проектот „Младинско учество за одржлив развој на руралната заедница“, спроведувана од Младински Совет Прилеп, финансиран од Европска Унија, преку проектот „Потпри се на младите“, спроведуван од „Македонска развојна фондација за претпријатија“, „Рурална Коалиција“, „Џуниор Ачивмент“, и „ЕЛИТ Здружение на жени менаџери Скопје“.