По повод празникот 8 Ми Март-Меѓународниот ден на жената, Младински Совет Прилеп заедно со ИНФО СEГА и ЕВС волонтерите од Турција, Италија и Франција одржаа креативна работилница во основното училиште „Рампо Левката“ во Прилеп.
На работилницата учениците изработуваа честитки за своите мајки, цртаа, креираа, се дружеа и се забавуваа.
Младинскиот совет им се заблагодарува на учениците за нивното несебично гостопримство и отвореност за соработка, а посебна благодарност до наставничката Габриела Салатоска
Младинскиот совет Прилеп и Младинскиот информативен и советодавен Центар ИНФО СЕГА заедно со локалните и ЕВС волонтерите ќе продолжат со спроведување на креативни работилници.