На 24ти Мај, Младински Совет Прилеп, Волонтерите на Мировен Корпус и Европскиот волонтерски сервис, заедно одржаа интеркултруен ручек во Лидо во Прилеп.
Секој волонтер на Мировен Корпус и ЕВС волонтер подготви традиционална храна од неговата земја и ја послужи на присутните. На настанот беа подготвени различни видови на храна од Индија, Тајланд, Мексико, Филипини, Израен, Франција, Романија, Италија, Америка, Парагвај, Јапонија, Кина и многу други.
Посебна благодарност до Индискиот ресторан Peacock во Скопје и Bangkok Oriental во Прилеп за донираната храна , а исто така и на волонтерскиот сектор на Младински Совет Прилеп и AISEC, за помошта при подготовка и средување.