Нашиот тим имаше размена во Германија, Бремен, па да Ви раскажеме нешто за тоа.
Тргнавме на 3-ти ноември и после два дена пат пристигнавме во Бремен каде бевме пречекани од страна на домаќините, добивме мала тура низ градот со кола и потоа продолживме до Гарлштад, каде што престојувавме. Активностите секој ден ни започнуваа во 09:30 часот наутро, а завршуваа во 7 часот попладне. Првиот ден го поминавме малку релаксирано со цел да се одмориме од патот, да ги пречекаме останатите тимови, се запознававме и поминувавме квалитетно време заедно. Наредниот ден односно вториот ден веќе започнавме со активностите, како за почеток имавме игри за да се запознаеме, неколку мисии кои вклучуваа работа во тим, помеѓу скоро секоја активност имавме паузи. Третиот ден имавме активност во тимови, но со цел да ги подобриме нашите говорни способности и користењето на англискиот јазик не измешаа со членови од другите земји и направија неколку тимови, задача ни беше секоја од групите да направи истражување за радикализација, дискриминација, расизам и национализам, потоа го изработувавме нашиот совршен свет, работа во тим и повторно бевме во измешани тимови, беше изработен од разни списанија, весници од секоја од државите, слики, текстови и друго. Потоа имавме подготовка форум театар или кратка глума, поделени во мешани тимови во кои што разменувавме секакви идеи за да можеме да одлучиме што ќе глумиме. Четвртиот ден, утрото имавме време за уште една проба за нашата глума, а потоа секоја група изглуми на сцената. Потоа имавме мала прошетка во шума, и за време на оваа прошетка направивме неколку фотографии заедно, потоа игравме игра „Чекор напред“, во која секој од нас влечеше по едно ливче хартија на која имаше напишано одреден идентитет, па според тоа секој од нас одлучуваше дали на прашањата треба да оди чекор напред или не, следуваше мал разговор за нашите чувства па ја имавме првата интеркултурна вечер. На оваа вечер ја претставуваме својата држава преку традиционалната храна, традицијата, културата на нашиот народ, ората и облеката. Петтиот ден го поминавме во долга прошетка во градот Бремен, фотографии и дружба со останатите тимови. Шестиот ден бевме поделени во групи бидејќи се спремавме за перформанс во градот, секој од учесниците на оваа размена ги користеше своите таленти за да помогне во подобрување на перформансот. Седмиот ден последните подготовки за перформансот, картички, правевме блузи, се довршуваа и последните чекори во настапот се до вечерта. Осмиот ден беше денот кога го изведувавме перформансот, во парк и во центарот на градот, разговаравме со луѓето кои застануваа, кои сме за што сме тука и слично, им делевме картички, а блузите кои ги спомнавме погоре ги носевме на нас, на кои имаа поставено лого од овој проект. Исто така, имавме едно прашање до нив, „Што претставува за Вас совршен свет?“, во кој својот одговор го запишуваа во една тетратка, за малку забава имаше и перформанс, односно мал танц, после ова имавме посета на Übersee музејот во кој имаше многу историски информации и работи. Деветтиот ден го поминавме порелаксирано од другите, неколку игри и потоа презентација за размена на ученици и доделување на сертификатите. Се до крајот на денот поминувавме време заедно се со цел да имаме повеќе спомени заедно кои би ги вратиле во нашите домови. Последниот ден некои веќе беа заминати а некои допрва го напуштаа местото, но бидејќи ние имавме превоз за назад дури по два дена, престојувавме една вечер во апартман во Бремен, имавме тој ден малку одмор. Наредниот ден бевме во Universum музејот, во кој имаше извонредни работи од вселената, природата, технологијата и од областа на биологијата, многу работи кои можете да ги пробате вие како работат, стратегии и слично. Потоа вечерта тргнавме за назад од Бремен до Дортмунд, па од Дортмунд после два дена пристигнавме дома. Прекрасно поминати 10 дена кои беа исполнети со многу смеа, задоволство, среќа, нови стекнати пријателства, љубов и прегратки.
We started our trip to Bremen on 3th of November, we were going there by bus. After about two days we got to Bremen and then to Garlstedt. Everyday our activities were starting at 09.30 am until 7 pm, we spent our first day we spent waiting for other teams to arrive, meeting each other, have some breaking ice party together. And the second day we started with some activities, we were playing some games so we can get to know each other, some team missions and working in team. The third day we had research for radicalization, racism, discrimination, nationalism, we made our perfect world we were working in groups but not with our team but we were mixed, we made it from different pictures, newspapers, magazines etc., after that we had preparation for the forum theater, so we were talking, exchange ideas with the team we were so we can get to the main idea what we are going to present to the audience. The fourth day first we presented what we prepared and showing out our acting skills and creativity. Then we had a walk around the forest and we took some pictures there, after the short walk we had a game called step forward, all of us had one identity and based of that information they had on their paper they chose they had to make a decision if they need to go step forward, after we had some talk about the game and we had the intercultural night where we presented our country, our food, from where are we coming, who we are, our traditions, clothes and dances with other two countries. The fifth day we spent our time in Bremen from 8 o’clock in the morning until 5 in the afternoon, we were walking around the town, taking some pictures and when we got in our house we were spending some quality time all together. The sixth day we were split up in groups and everyone used their talents as their strength and we were preparing for a performance the whole day, we were talking what did we needed from materials and stuffs like that so we will be prepared. The seventh day went as the previous one preparing the whole day making t-shirts, cards, finishing with the choreography and after that long kind of exhausting day we had a rest and on the eight day we went in Bremen to perform in front of people, had some energizers and we gave people cards made from us, talking to them about our project and we made a little dance for them so they can enjoy, we had a notebook where we asked them what is perfect world for them, we performed at the park and in the city center, after the two performances we went in Overseas Museum in Bremen. The ninth day we had a little talk about fears, expectations and contributions, then we had Youth presentation what is it and they gave us certificates and that was the last activity that day and after all of this we were spending our time with other teams to the fullest because some of them were leaving late at night, some early at the morning, and we wanted to say goodbye to each of them and on the last day we went in Bremen and stayed the night there because our bus was two days after the ending of the project. We had a rest in the apartment there and the other day we went to Universum Museum and saw a lot of incredible things. At night we started travelling back we had to change several train stations till we got to Dortmund and from there we had the bus to our country. It were awesome 10 days spent there, full with joy, happiness, friendships, laughs and lots of hugs and love.