Младински Совет Прилеп (МСП) отвора повик за практиканти кои ќе обавуваат практикантска работа во МСП.
Главни активности и ангажмани:
- Работа со локални и странски волонтери;
- Обезбедување на логистичка поддршка во реализирањето на активности во организација на МСП;
- Обезбедување на промоција и видливост на програмското и проектното работење на MСП;
- Информирање и управување со социјални мрежи;
Услови и обврски на практикантите:
- Да бидат на возраст од 18 до 34 години;
- Да не се во работен однос;
- Да имаат завршено минимум средно образование;
- Да можат да извршуваат практикантска работа во времетраење од три месеци;
- Мотивирани за учење и работа со млади;
- Основни познавања за работа со компјутери;
Избраните кандидати ќе ги имаат следниве услови за извршување на практикантската работа:
- Назначено одговорно лице за поддршка во текот на практикантството;
- Платена практикантска работа;
- Можности за учество и вмрежување на настани;
- Можност за стекнување со работно искуство;
- Можност за подобрување на англиски јазик;
- Можност за изучување на дигитални алатки;
- Стекнување на нови вештини, знаења и компетенции.
Сите заинтересирани кандидати можат да аплицираат со пополнување на оваа форма.