Се одржа првиот транснационален состанок во рамки на проектот „Introduce Youthself“ во Леида, Шпанија.
Состанокот се одржа во периодот од 16-19 мај 2022 година во канцелариите на организацијата Prosec, притоа присуствуваа претставници од партнерските организации на проектот.
На состанокот беше разговарано за понатамошните активности предвидени во проектот: односно се договорија останатите транснационални состаноци во Ирска, Полска и Македонија, се класифицираја листите на компетенции и меки вештини, се подготвуваше креирањето на методологија за прирачник и дизајнирањето на веб апликација од методологијата за верификација.
Целта на проектот е младите со помалку можности и без обука или курсеви, а имаат одредени компетенции и вештини кои ги прикажуваат во своето CV да можат да ги валидираат и да се изнајде начин преку кој ќе можат да бидат валидирани нивните вештини и компетенции, а тоа да не биде како со сертификат.
Associació PROSEC го спроведува проектот „Introduce Youth self“ во партнерство со Fundacja Sempre a Frente од Полска, Foroige од Ирска, SDRUZHENIE WALK TOGETHER од Бугарија, UNIVERSIDAD DE LLEIDA од Шпанија и Младински Совет Прилеп од Македонија, истиот е финансиран и поддржан преку програмата Erasmus+, Клучна акција 2, Стратешко партнерство и иновации во периодот од 1 ноември 2021 до 1 ноември 2023 година.
#EuropeanYearOfYouth #introduceyouthself #youth #youthself #transnationalmeeting