Вештините развиени преку неформално и непосредното учење може да бидат голема предност за луѓето. Но, како да ги направите овие вештини видливи и ценети?
Младински Совет - Прилеп како партнер на проектот Introduce Youthself кој што го спроведува Associacio PROSEC од Шпанија има за цел да креира методологија која што ќе им овозможи на младите луѓе со помалку можности иновативна алатка која ќе им служи за поддршка и мониторинг на процесот на верификација на компетенциите и вештините притоа во цел тој процес поттикнувајќи ги младионските работници да го следат процесот на учење и стекнувањето на вештини на младите луѓе притоа давајќи им материјали и алатки за нивна имплементација.
Проектот вклучува активности како што се:
-4 транс-национални состаноци,
-1 обука,
-8 мултиплаер настани и
-2 интелектуални резултати кои што ќе бидат имплементирани од сите партнери кои што се дел од проектот.
По завршувањето на проектот се очекуваат 2 резултати, продукти:
-Прирачник и
-Мобилна апликација со кои би се докажале компетенции (знаења, вештини и способности) и вредности (одговорност, навременост, посветеност)
Associació PROSEC го спроведува проектот „Introduce Youth self“ во партнерство со Fundacja Sempre a Frente од Полска, Foroige од Ирска, Sdruzhenie Walk Together од Бугарија, Universidad De Lleida од Шпанија и Младински Совет Прилеп од Македонија, истиот е финансиран и поддржан преку програмата Erasmus+, Клучна акција 2, Стратешко партнерство и иновации во периодот од 1 ноември 2021 до 1 ноември 2023 година.
#introduceyouthself #youthself #youth