Во рамките на Еразмус+ проектот „ACTIon“, Коалиција на младински организации СЕГА спроведи обука „Дигитално младинско учество и активно граѓанство“ на која учество зеде тимот на Младински Совет Прилеп.
Обуката беше спроведена во периодот од 12 до 14 август во хотел Дрим, Струга и на истата учествува 11 претставници од граѓански организации и младински организации од Пелагонискиот регион.
Во текот на обуката беа опфатени содржини од областа на: Медиумска писменост и Нетикет; Младинско учество и електронско младинско учество; Активно граѓанство; Дезинформации на интернет, говор на омраза и Алатка за електронско младинско учество – OPIN.
Во текот на септември ќе се реализираат последователни активности со млади во насока на поттикнување на дигиталното учество и активно граѓанство на младите односно организирање работилници за Е-учество со млади и користење на алатката OPIN.
Новата платформа ОПИН останува како професионална онлајн кутија со алатки за дигитално младинско учество достапна на 10 европски јазици и вклучува уникатни софтверски компоненти и алатки. Примерите за најдобри практики, членовите на ОПИН заедницата и претстојните материјали за е-учење го олеснуваат дигиталното младинско учество за почетниците: „Овие материјали се наменети за иницијатори кои за прв пат спроведуваат проект за дигитално младинско учество. ОПИН ќе има дополнителна област за самостојно учење каде иницијаторите и заинтересираните практичари ќе можат да најдат кратки текстови, видеа и подкасти за сите релевантни теми со кои се среќаваат при планирање и спроведување на проект“, споделува Ева Шеферд.
Проектот „ACTIon“, финансиран преку Еразмус+ програмата, го спроведува Коалиција на младински органиалното образование.
#opin.me #youth #training #youthparticipation