Добредојдовте на страната на Младински Совет Прилеп!

Вести

Завршна конференција на проектот „DIGY - Дигиталното учество е лесно“

Завршна конференција на проектот „DIGY - Дигиталното учество е лесно“

На 13 Јули во хотел Амбасадор, Скопје се одржа завршната конференција на проектот „DIGY - Дигиталното учество е лесно“ на која што учество зеде и Младински Совет Прилеп.

Конференција беше спроведена од Коалиција на младински организации СЕГА се со цел промоција на алатките за дигитално младинско учество кој што е производ од истиот проект.

Преку дискусијата на настанот беше забележано дека позитивни ефекти од дигиталното младинско учество се видливи само кога процесот на учество се води професионално, односно користењето на дигиталните алатки не е доволно за да се обезбеди успешно учество на младите во локалните заедници, институции и младински организации.

Проектот „DIGY – Дигиталното учество на младите е лесно“ има за цел да го реши овој проблем преку обезбедување ресурси и процес на градење на капацитети на заинтересираните организации кои планираат да ја користат алатката за е-учество на младите ОПИН.

Проектот DIGY ќе придонесе да се зајакне и збогати европската инфраструктура за електронско младинско учество, преку доставување модули за учење за:

- Заедница на иницијатори за проекти и простор за размена на знаења и совети за користење на алатката ОПИН („Заедница и форум на Опин“);
- Високо-квалитетни материјали за е-учење и видео обуки, ресурси засновани на текст и ауди материјали („Материјали за е-учење“);
- Секција за најдобри практики („Жива Лабораторија со најдобри практики“);
- Навигација и оптимизација на корисничкиот интерфејс на ОПИН со цел да се гарантира лесна конфигурација на платформата („Ре- дизајнирање на ОПИН“).

Коалиција на младински организации СЕГА го спроведува проектот „DIGY – Дигиталното учество е лесно“ во партнерство со Nexus Institute од Германија, Youth Horizons од Грузија, Heart of Slovenia и Агенција за млади од Малта, истиот е финансиран и поддржан од Германската Национална Агенција преку програмата Erasmus+, Клучна акција 2, Стратешко партнерство и иновации во периодот од 1 септември 2019 до 31 август 2022 година.

#EuropeanYearOfYouth #digy #multipleirevent


Print   Email

Publish modules to the "offcanvs" position.