Младински Совет Прилеп како основач и основна членка на Коалиција на младински организации СЕГА учествуваше на Годишното собрание од 2022 година од Коалиција СЕГА.
Собранието се одржа на 13.07.2022 година во хотел Амбасадор, Скопје.
На Собранието беше усвоен дневниот ред, записникот од претходната седница на Собранието, програмскиот, финансискиот извештај за работа на СЕГА за периодот на 2021 година, годишната програма на СЕГА за 2022 година и беа презентирани тековните и новите проекти на СЕГА. Исто така беше ревидирано членството во Коалиција СЕГА.
На Собранието присуствува 25 претставници од основните и придружните членки на СЕГА.
Младински Совет Прилеп, заедно со Младински Совет Охрид и ХОПС беа иницијатори за формирање на СЕГА преку апликацијата и спроведувањето на проектот “Младински национален акционен план”. Како продолжение на започнатиот процес, Коалицијата на Младински организации “СЕГА” неформално е формирана на 20 Јануари 2004 година со цел да придонесе кон процесот на креирање и имплементација на Националната стратегија за млади на Република Македонија и да помогне во исполнување на потребите на младите.
#EuropeanYearOfYouth #youth council #coalition sega