Соработката со СОЕПТУ Кузман Јосифоски Питу и Младински Совет Прилеп продолжува.
На 23 мај 2022 година, Младински Совет креираше работилница на тема „Имиграција“ во просториите на СОЕПТУ „Кузман Јосифоски – Питу“ Прилеп, по којашто следеше дискусија меѓу учесниците. Работилницата е во рамки на проектот „Improve your critical thinking skills, solve the problems“.
Целите на проектот се: да се развие критичкото мислење кај студентите, лидерството, комуникациските и социјални вештини, да се поттикне студентот повеќе да се вклучи во животот во заедницата, да ја постави основата за автономија на учениците во размислувањето и делувањето, да се промовираат европските вредности - толеранција, почит, демократија, активно граѓанство, да се промовира интеркултурното учење, да се олесни размената на идеи и соработката меѓу европските студенти.
Главни активности кои ги опфаќа проектот се четири размени во кои учениците ќе комуницираат, разменуваат идеи, изнесуваат аргументи и контрааргументи врз основа на статистички податоци, споредбено ќе ги оценуваат ситуациите, ќе учествуваат во игри со улоги, симулации, интервјуа.
Теми на размените се следниве: Имиграција, Демократија - човекови права, Дискриминација, Граѓанско вклучување и Индивидуални права.
Проектот го спроведува IISS F.sco D'Aguirre-Dante Alighieri од Италија, во партнерство со Colegiul Tehnic Danubiana Roman од Романија, SOU Kuzman Josifovski-Pitu Prilep од Македонија, Özel Samsun Doğa Fen ve Teknoloji Lisesi од Турција и Matyas Kiraly Gimnazium од Унгарија.
Проектот е финансиски поддржан од Erasmus+ програмата.