Добредојдовте на страната на Младински Совет Прилеп!

Вести

Волонтерите - непроценливо богатство за граѓанскиот сектор

Волонтерите - непроценливо богатство за граѓанскиот сектор

Младински Совет Прилеп зеде учество на обуката организирана од Волонтерски Центар Скопје во Струга од 18 – 20 мај.

Темата на обуката беше „Управување со волонтери“ и истата ги опфати: Законската рамка за волонтерство, Регрутација, мотивација и задржување на волонтери, Развивање на програма за волонтирање и други важни аспекти.

Чувството на лична сатисфакција и сопствени постигнувања може да биде дел од насоката кон одржлива заедница, но останатиот дел е дека на граѓаните им е потребен континуиран поттик и признание за нивната работа, показатели дека останатите ја ценат нивната работа. Тие показатели можат да бидат изразени во вид на награди и почести, или пак, едноставно зборови со кои ќе се искаже благодарност и ќе се оддаде признание.

Волонтерството е глобален феномен - волонтерите се активни скоро во секое општество во светот. Тие информираат, протестираат, помагаат, подучуваат, лечат, градат, застапуваат, тешат, сведочат, поддржуваат, донираат, лобираат, демонстрираат, водат, хранат, набљудуваат . . . и на многу други начини им служат на останатите луѓе и заедниците. Тие се движечка сила на граѓанското општество.

Обуката е во рамки на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“, којшто го спроведува Коалиција на младински организации СЕГА во партнерство со СОС Детско село, Волонтерски Центар Скопје и Forumi Gruas.

#EuropeanYearOfYouth #training #volonteer


Print   Email

Publish modules to the "offcanvs" position.