Претставници на Младински Совет Прилеп учествуваа на Обука „Процес на пристапување во ЕУ - секторски стандарди“.
Во рамки на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“, којшто го спроведува Коалиција на младински организациии СЕГА, во партнерство со СОС Детско село, Волонтерски центар Скопје и Forumi Gruas, се одржа обука на тема „Процес на пристапување во ЕУ - секторски стандарди“.
Обуката се одржа во Струга, Хотел Дрим, во периодот од 19.04 до 21.04.2022 година.
Теми кои беа опфатени на оваа обука се: Вовед во ЕУ - институции, законодавство и политики, Проширувањето на ЕУ, Македонскиот пристапен процес кон ЕУ, Секторски политики во рамките на следните поглавја - Поглавје 19 (социјална политика и вработување), Поглавје 23 (правосудство и основни човекови права), Поглавје 24 (правда, слобода и безбедност), Поглавје 10 (информациско општество и медиуми), Поглавје 26 (Образование и култура) и Пристапните приговори како и улогата на граѓанските организации во пристапниот процес.
Цели на обуката: Да се зајакнат знаењата на граѓанските организации за функционирањето на ЕУ, пристапните процеси како и улогата на граќанскиот сектор во овие процеси.
#EuropeanYearOfYouth #EuropeanUnion #youth #training