Актерите на граѓанското општество се добро позиционирани и искусни во работењето со поедини групи, а тоа може да се искористи во насока на препознавање и справување со незадоволствата што причинуваат одредени лица да бидат поранливи на влијанија од насилни екстремистички групи.
Граѓанските организациии во соработка со училиштата на локално ниво, претставуваат клуч за борба и отпорност против насилниот екстремизам.
Проектот „Отпорни училишта за отпорна заедница“ го спроведува Младински Совет Прилеп , со поддршка на Форум - МНЕ , финансиран од Европската Унија и Министерство за Јавна Администрација - Црна Гора.