Младински Совет Прилеп, изминатите две години, активно работеше на активностите на проектот „Introduce YouthSelf“.
Целта на проектот е да обезбеди начин преку кој ќе им бидат валидирани компетенциите на младите кои ги имаат стекнато преку формално и неформално образование.
Успешно развивме веб-страница на проектот и изготвивме комплетен прирачник и мобилна апликација, сè со цел да ги поддржиме и подобриме можностите за развој на младите.
На веб страницата може да пристапите кон:
- Информации за проектот, да ги дознаете целите, идеите и влијанието кое го има истиот.
- Прирачник за валидатори во кој може да ги најдете алатките што ви се потребни за поддршка на младите во процесот на валидација на нивните компетенции.
- Прирачник за проектот во кој може да ги најдите деталите за процесот, таксономијата и апликацијата. Со овој прирачник ќе стекнете и подобро разбирање за структурата, целите и стратегиите за имплементација на проектот.
Линк до веб страницата: Validating hidden competencies | Competent Project
Линк до мобилната апликација Competent која овозможува валидација на компетенциите на младите кои ги имаат стекнато преку образование: Competent (competentonline.com)