Добредојдовте на страната на Младински Совет Прилеп!

Вести

Меѓународна младинска размена „Green Society with active and educated Youth“

Меѓународна младинска размена „Green Society with active and educated Youth“

Летниот период е совршен за нови можности, за запознавање на нови култури, нови патувања и нови пријателства!

А каде на друго место, ако не на Еразмус+ проект?

Младински Совет Прилеп во периодот од 13 до 19 јуни 2023 година во Струга спроведе меѓународна младинска размена “Green Society with active and educated Youth” со 20 млади од две различни држави Македонија и Литванија.

Размената беше фокусирана на промовирање на можностите, влијанието и придобивките кои ги имаат младите преку Еразмус+ програмата.

Младинската размена се организира во рамките на Еразмус+ програмата со поддршка од Национална агенција за образовни програми и мобилност.

Проектот се имплементира од страна на Младински Совет Прилеп во партнерство со Tavo Europa од Литванија.

Финансирано од Европска Унија. Искажаните ставови и мислења се само на авторот(ите) и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската унија или Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA). Ниту Европската Унија, ниту „EACEA“ не можат да сносат одговорност за нив.


Print   Email

Publish modules to the "offcanvs" position.