Ова лето продолжува да отвора нови можности за патување, за запознавање на нови култури, религии и традиции.
Да се биде дел од програма за младинска размена несомнено нуди бројни предности и придобивки. Тоа е најдобрата можност да „научите“ – гледано преку нејзината образовна перспектива, но и „стекнете“ нови вештини и капацитети.
Младински Совет Прилеп прати учесници на Младинска размена во Стратони, која е дел од проектот „Multipliers for Peace in 3-steps“.
Во рамките на овој проект младите од повеќе европски држави имаа можност да се запознаат со различните култури, да развијат компетенции да комуницираат на странски јазик. Проектот им овозможи на младите да го истражат Стратони, Грција и да ги развијат своите потенцијали за ориентација во ново и непознато место.
„Multipliers for Peace in 3-steps“ е тренинг курс за управување со конфликти и мировно образование низ три различни фази. Првата фаза го вклучува помирувањето со себеси, втората со „социјалното опкружување“ и третата помирувањето меѓу земјите кои се соочија со различни видови на конфликти. Во текот на обуката беа вклучени 20 млади луѓе од Балканот, Медитеранот и Кавказиските земји.
Овој проект има за цел да ги ублажи ефектите од социо-економските проблеми, миграциските и бегалските текови и да се бори против нивните основни причини.
Проектот го спроведува United Societies of Balkans во партнерство со International center for peace and integration non-entrepreneurial од Грузија, Nor-formal education for youth од Украина, Armenian Progressive youth NGO од Арменија, Centrul Educational De resurse si training од Романија, Fundacio Catalunya Voluntaria од Шпанија, Asociacija Aktyvistai од Турција, Youth Council Prilep од Македонија, Organismos Koinonikis Politikis kai drasis од Кипар, Organizacija kreativnog okupljanjaoko од Србија и Amaita Intercultura APS од Италија, во периодот од 01-05-2020 до 30-11-2022, истиот е финансиски поддржан од програмата Еразмус +.
#EuropeanYearOfYouth #youth #training #exchange #friendship #interculturalnight #learning