Учесниците на проектот „Развој на критичко мислење, комуникациски и социјални вештини“ имаа интервју со Марија Ташкоска - Програмски асистент во Младински Совет - Прилеп.
Во рамките на проектот „Развој на критичко мислење, комуникациски и социјални вештини“ кој што го спроведуваше СОЕПТУ„Кузман Јосифоски - Питу“ на кој што учествуваа 6 ученички во Бреаза, Романија, Младински Совет - Прилеп даде свој придонес преку споделување на досегашните искуства од работа и мотивацијата за вклучување на младите во работата на младинските организации и во неформалното образование.
Во прикажаното видео Марија Ташкоска од Младински Совет- Прилеп даде одговор на прашањата за кој што учениците пројавија најголем интерес за работата на организацијата.
Главниот аспект на самиот проект е да се поттикнат граѓаните да имаат критичко и доследно размислување со што би биле поемпатични, разумни и рационални. Самиот проект се стреми кон отворање на можности за младите самите да се откријат, да ги реализираат своите можности и улоги во современата демократија и сите процеси на тој политички систем, што понатаму ќе влијае на нивните животи.
- Имиграција
- Демократија и кршење на човековите права
- Дискриминација и нејзините форми
- Социјална мотивација
- Заеднички кадар
Проектот се реализира во партнерство со училишта од Италија, Романија, Чешка и Турција. Во рамките на проектот предвидени се две мобилности во Романија и Чешка. Проектот е финансиран од страна на Европската Комисија преку Националната Агенција за Европски Образовни програми за мобилност во Македонија.
Во продолжение можете да го погледнете видеото од интервјуто:
https://www.youtube.com/watch?v=FXxNDHev1do
#EuropeanYearOfYouth #interview #youthworker #youth