Во периодот од 13 – ти до 16 – ти октомври во Струга, Младински Совет Прилеп учествуваше на конференција „Младинско е-учество за подобра заедница”.
На конференцијата учество зедоа млади од средните училишта од Прилеп, претставници на граѓански организации и донесувачи на одлуки на локално ниво на Општина Прилеп, истите беа вклучени во работилници на кои ги приоретизираа младинските иницијативи за подобра заедница кои беа резултат на претходните активности од проектот. Исто така, учесниците од конференцијата преку заеднички работилници имаа можност да креираат иницијативи за зголемување на квалитетот на животот на младите во локалната заедница, кои подоцна ќе бидат преточени во документ кој ќе биде испратен до Општина Прилеп.
Конференцијата е во рамки на проектот „Е-учество – Силни млади”, кој што го спроведува Коалиција на младински организации СЕГА, а поддржан од Националната Агенција за Европски Образовни Програми и Мобилност, преку Програмата ЕРАЗМУС +, Клучна Акција 154 – Активности за младинско учество.
Главната цел на проектот „Е-учество – Силни млади” е да се зголеми младинското е-учество во процесите на донесување одлуки во општина Прилеп. Резултат од проектот е Документ со младински иницијативи во насока на зголемување на квалитетот на животот во локалната заедница.
Преку оваа конференција младите имаа можност и искуство да бидат консултирани во процесите на донесување одлуки, како од страна на локалната самоуправа така и од други локални институции. Во некои од општините постојат одредени неформални механизми преку кои би можело да се обезбеди младинско учество во донесувањето одлуки, но потребно е овие механизми да се јакнат и да се развиваат. Заинтересираноста на младите е клучен фактор, а најдобриот и најблизок начин за такво учество и вклучување на младите во општественото одлучување се локалните младински совети, преку кои младите може да лобираат за своите интереси.
Младите сметаат дека најдобар начин и мотивираност за да се вклучат во донесувањето одлуки на локално ниво е преку граѓанските организации, што е одлична можност за вклучување имајќи предвид дека најголем дел граѓанските организации влијаат врз учеството на младите во јавниот живот.