ПОВИК ЗА ВОЛОНТЕР ОД ЗЕМЈАТА преку програмата Европски Солидарен Корпус

ПОВИК ЗА ВОЛОНТЕР ОД ЗЕМЈАТА преку програмата Европски Солидарен Корпус

Младински Совет Прилеп објавува

ПОВИК ЗА ВОЛОНТЕР ОД ЗЕМЈАТА

преку програмата Европски Солидарен Корпус

Младински Совет Прилеп споделува можност за вклучување на домашни волонтери во проект преку програмата European Solidarity Corps - Individual volunteering - In-country. 

Кога: 01.05.2024 – 15.07.2024

Времетраење: 75 дена

Каде: Канцеларија Младински Совет Прилеп

Профил на волонтери:

  • Млади на возраст од 18 до 29 години;
  • Државјани на Република Македонија;
  • Млади од рурални средини;
  • Млади кои се соочуваат со помалку можности;
  • Ентузијасти кои се свесни за социјалните прашања;
  • Желни да учат и да уживаат во работата со млади;
  • Интерес за работа во мултикултурна средина;
  • Мотивација за придонес во развојот на локалната заедница;
  • Способност да иницираат, развиваат и имплементираат сопствени идеи за активности;

Опис на работни задачи:

  • Организирање едукативни работилници и информативни кампањи за учество во демократскиот живот;
  • Вклучување во меѓукултурен дијалог со локалната заедница преку различни видови активности;
  • Промовирање на волонтерството и активното граѓанство преку организирање различни акции и активности со локалната младина;
  • Креирање радио поткасти и емисии;
  • Работа со други локални и меѓународни волонтери;
  • Работа на страниците на социјалните медиуми и веб-страницата на Младински Совет Прилеп;
  • Работа на Canva и креирање постери за промоција на нивните настани;
  • Промовирање на европските вредности и европското граѓанство;
  • Организирање промотивен настан во местото од каде што доаѓаат по враќањето на волонтерите: евалуација со организацијата што ги испратиле, отворен информативен ден за Европски Солидарен Корпус;

Што ќе обезбедиме ние?

  • Сместување во апартман во центарот на градот (Волонтерите ќе бидат сместени во апартман недалеку од центарот на градот и канцеларијата каде што ќе се одвиваат активностите. Апартманот се наоѓа во област со добра инфраструктура, транспортна врска. Волонтерите ќе делат соба со волонтер од ист пол. Ќе им бидат обезбедени заеднички простории како кујна, бања, а ќе имаат и интернет пристап);
  • Пари за храна 100 евра месечно;
  • Џепарлак 4 евра дневно (120 евра месечно);
  • Трошоци за патување според Европски Солидарен Корпус програмата;
  • Ментор;
  • 6 работни часови од понеделник до петок (10:00 – 16:00);
  • Трошоците за организацијата испраќач која поддржува;

Придобивки:

  • Запознавање со млади од други култури;
  • Учење јазик;
  • Стекнување на компетенции, вештини и однесувања од извршувањето на проектните активности;
  • Стекнување социјални, меки и животни вештини;
  • Подобрување на личниот и професионалниот развој;
  • Youthpass сертификат;


Рок за аплицирање:

01.04.2024

Начин на аплицирање:

Посетете го веб-сајтот на European Youth Portal и најдете го Повикот за волонтер во земјата преку програмата на ЕВРОПСКИ СОЛИДАРЕН КОРПУС на следниот линк European Youth Portal и аплицирајте.


Print   Email