Работилница: „Добро владеење и реформи во јавната администрација од перспектива на младите“

Работилница: „Добро владеење и реформи во јавната администрација од перспектива на младите“

На ден 28.12.2020год, Младински Совет Прилеп спроведе работилница на тема: „Добро владеење и реформи во јавната администрација од перспектива на младите“, во рамките на проектот Regional Youth Compact For Europe, имплементиран од страна на организација АЛДА, во соработка со МСП.

Работилницата се одржа во просториите на МСП, а учесници беа млади од локалното население, коишто имаа можност да научат повеќе за принципите на добро владеење, како и да го споделат своето мислење поврзано со темата и потребните реформи во јавната администрација од нивен аспект.

МСП им се заблагодарува на учесниците за нивното присуство и ги очекува и на идните работилници.

Во продолжение погледнете ги фотографиите од работилницата.


Print   Email