Младите конкурентни на пазарот на труд

Младите конкурентни на пазарот на труд

Наслов: Младите конкурентни на пазарот на труд

Времетраење: 5 месеци

Цел

- Главна цел на проектот “Младите конкурентни на пазарот на труд” е придонес кон намалување на младинската невработеност во општина Прилеп.
- Со имплементацијата на проектот ќе се третира проблемот на младинска невработеност. Со реализирање на предвидените проектни активности ќе се воспостави практика на поддршка на младите луѓе како правилно да аплицираат за вработување, поддршка како да стекнат професионални вештини и да бидат конкурентни на пазарот на труд.

Активности:

- Подготвителни активности,
- Промоција на проектот,
- Организирање на 10 работилници за професионална ориентација-тимска работа и презентациски и комуникациски вештини,
- Организирање на јавна трибина на тема младинско вработување,
- Организирање на 2 радио емисии на тема младинско вработување на младинското интернет радио на МСП – Радио ПУЛС и 
- Креирање на локална база на податоци на невработени млади од општина Прилеп кои ги поминале обуките за професионална ориентација и дистрибуција на истата до локалниот бизнис сектор.

Резултати:

- Придонес кон намалување на бројот на невработени млади во општина Прилеп,
- Едуцирани 150 млади за професионална ориентација,
- Креирана електронска база на податоци на млади кои бараат работа и дистрибуција на базата до локалниот бизнис сектор и 
- Воспоставена практика на поддршка на младите да бидат конкурентни на пазарот на труд.

 

Date

04 June 2012

Tags

Локални проекти