Добредојдовте на страната на Младински Совет Прилеп!

Проекти

Младите се гласот на промените во Општините

Младите се гласот на промените во Општините

Наслов: Младите се гласот на промените во општините

Времетраење: 01.01.2025 - 30.09.2025 (9 месеци)

Општа цел : Придонес кон промовирање на активно граѓанство и зајакнување на локалната демократија преку подобрување на социјалната инклузија на младите и застапување на локални прашања.

Специфична цел : Да се зголеми учеството и влијанието на младите во локалните процеси на донесување одлуки преку формирање и зајакнување на капацитетите на Локалните младински совети во Прилеп и Крушево, согласно Законот за младинско учество и младински политики.

Целна група: 190 млади луѓе на возраст од 15 – 29 години, ученици во средните училишта, студенти, невработени млади, млади во социјален ризик, млади од руралните средини; 10 Граѓански организации (ГО); 2 Единици на Локални Самоуправи (ЕЛС).

Крајни корисници: 190 млади луѓе на возраст од 15 – 29 години.

Активности:

A 1.1 Работилници за младинско учество со локални млади

А 1.2 Работилници за младински организации за примена на ЗМУМП со посебен фокус за функционирање на ЛМС

A 2.1 Позиционирање на ЛМС во заедницата

A 2.2 Развој/Операционализација на локалниот младински совет во општините Прилеп и Крушево

A 2.3 Зајакнување на улогата на ЛМС од Општина Прилеп и Крушево

A 2.4 Менторска поддршка при работата на ЛМС

A 2.5 Тркалезна маса помеѓу донесувачи на одлуки и млади на локално ниво

A 3.1 Кампања за промовирање на младинскиот активизам „Младите да бидат слушнати”

Резултати:

Р1: Зајакнати капацитети на младите (мажи и жени) за младински активизам и влијание врз креаторите на политики.

Р2: Подобрено е учеството на младите мажи и жени преку операционализација на Локалниот Младински Совет во општините Прилеп и Крушево.

Р3: Зголемена информираност на младите за можностите од ангажман на младите и нивно учество.

Date

14 February 2025

Tags

Регионални проекти

Publish modules to the "offcanvs" position.