Добредојдовте на страната на Младински Совет Прилеп!

Проекти

Зајакнување на луѓето од Пелагонија 2

Зајакнување на луѓето од Пелагонија 2

 Наслов: Зајакнување на луѓето од Пелагонија 2

Времетраење: 01.11.2022 - 01.11.2024

Општа цел: Зајакнување на младите од Пелагонија да станат активни чинители на промени во нивните локални заедници.

Специфични цели:

1: Да се зголеми младинското учество во рурална Пелагонија

2: Да се поддржи младинската работа во јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор

3: Да се воведе регионална соработка (платформа) за младинско ангажирање

4: Да се подигне свеста за предизвиците и можностите на руралните млади на национално ниво

Целна група: Најмалку 50 млади лица од Пелагонискиот регион, граѓански организации и донесувачи на одлуки

Крајни корисници: Mлади, Локална самоуправа

Активности:

Активност 1: Работилници за добро владеење

Активност 2: Обука за европско граѓанство/практики за младинско ангажирање

Активност 3: Дебати за зајакнување на младите „Speak up“

Активност 4: Учество на младите во јавниот сектор

Активност 5: Примена на бизнис идеи предводени од младите

Активност 6: Учество на младите во граѓанското општество во рурална Пелагонија:

Активност 7: Развивање на едноставна за употреба, дигитална двонасочна комуникациска алатка за младинско учество и следење на имплементацијата на младинските политики во рурална Пелагонија

Активност 8: Заеднички проекти од мал обем

Активност 9: Регионална платформа за младински потреби и можности

Активност 10: Градење на капацитетите на граѓанскиот сектор во регионот на Пелагонија

Активност 10: Систематска и поставена онлајн кампања за младинско учество со воведување оригинални содржини развиени за време на проектните активности во формат на видео и фото материјал 

Резултати:

Р1:Зајакнати капацитети на младите, граѓанските организации и општинската администрација за препознавање и креирање на политики за млади

Р2: Воспоставена практика за соработка и вмрежување помеѓу локалните засегнати страни и поддржани 9 проекти од мал обем кои се предложени и водени од младите

Р3: Креирана регионална платформа за млади со учество на граѓански организации и донесувачи на одлуки

Проектот ,,Зајакнување на младите од Пелагонија 2'' е поддржан од Амбасадата на Кралството на Холандија, спроведуван од Про Локал во партнерство со Младински Совет Прилеп и уште 7 локални организации од Пелагонискиот регион

Date

01 November 2022

Tags

Партнерски проекти

Publish modules to the "offcanvs" position.