Младински Едукативен Центар
Наслов: Младински Едукативен Центар
Времетраење: 7 месеци
Цел:
- Обезбедување долгорочна поддршка во развојот на младите луѓе.
- Формирање на тимови од пеер едукатори (Тим за трговија со луѓе, Тим за штетно влијание од дрога и Тим за едукација од областа на ХИВ/СИДА и СПИ и репродуктивно здравје).
- Воспоставување на Младински Едукативен Центар (МЕЦ) во кој ќе се испорачуваат обуки на теми: “Трговија со луѓе”, “Штетно влијание од дрога” и “ХИВ/СИДА/СПИ и репродуктивно здравје”.
- Зголемување на свеста и знаењата кај младите луѓе од областа на трговија со луѓе, штетно влијание од дрога и ХИВ/СИДА/СПИ и репродуктивно здравје.
Активности:
- Формирање на core група.
- Обука за истражување.
- Спроведување на истражување и обработка на податоци.
- Семинар за Peer education и ТОТ.
- Тематска обука на тимовите.
- Функционирање на Младинскиот Едукативен Центар.
- Изработка и печатење на READER.
Резултати:
- Формирани три тимови од Пеер едукатори (Тим за трговија со луѓе, Тим за штетно влијание од дрога и Тим за едукација од областа на ХИВ/СИДА и СПИ и репродуктивно здравје).
- Организиран Тренинг за Тренери за 12 учесници.
- Спроведено истражување во средните училишта во Прилеп.
- Обработени и јавно презентирани резултати од истражувањето.
- Воспоставувен на Младински Едукативен Центар (МЕЦ).
- Зголемени знаења и кај 300 млади за превенција од ХИВ/СИДА и СПИ и репродуктивно здравје, трговија со луѓе и штетно влијание од дрога.