Make Art, Not Walls
Наслов: Гради уметност, не ѕидови
Времетраење: 01.05.2019 година - 30.04.2022 година (35 месеци)
Цел: Да им се даде глас и можност на младите да ги истражат различните димензии и термини како радикализација, дискриминација, расизам, национализам, ксенофобија и хомофобија. Да им се помогне да ги разберат разликите и сличностите помеѓу луѓето од различни култури и да ги разберат различните фази на исклучување, дискриминација што може да предизвика луѓето да станат радикални и да имаат идеја и мотивација како да го спречат тоа.
Целна група: Млади луѓе од 18 до 26 години
Активност:
Проектот се состои од:
- 2 посети за напредно планирање со по 7 учесници и
- 2 младински размени со по 42 учесници во Кључ, Босна и Херцеговина и во Бремен, Германија.
Резултати:
- Учесниците ќе бидат мотивирани да го шират своето знаење стекнато преку споделување искуства и размислувања едни со други.
- Учесниците ќе научат да идентификуваат различни дискриминативни и ексклузивни ситуации и да ги доловат на фотографија.