Pulse Radio 2.0
Наслов: Пулс Радио 2.0
Времетраење: 01.02.2017 година - 31.12.2018 година (23 месеци)
Цел:
- Да се зајакнат младинските политики преку младинско учество, младинска размена, младинска креативност и состаноци меѓу врсници младите од Македонија и Молдавија.
- Да се затвори јазот меѓу Балканот, членките на ЕУ и Источна Европа.
- Да се подигне свеста за волонтерството, културни размени и дијалог преку директен контакт со локалното население и
- Да се доближат светските приказни до младите во Македонија.
Активности:
- Создавање аудиокнига со светски приказни
- Подготовка на музичко радио шоу со музика од Европа.
- Помагање во развојот на проекти и спроведување на проектни активности.
- Учество на состаноци, промоција и други социјални настани.
- Организирање презентации пред младите.
- Учество во посети на други организации и институции.
Резултати:
- Интеркултурни мултипликатори на локално, регионално, национално и европско ниво.
- Влијание на присуството на тројца странски волонтери во локалната заедница.
- Затворање на јазот меѓу Балканот и Источна Европа.