Youth on the Air

Youth on the Air

Наслов: Младите во етерот

Времетраење: 01.03.2021 година – 31.10.2022 година (20 месеци)

Цел на проектот:  Да се зајакне граѓанскиот активизам во општеството, како и да се промовираат Европските вредности преку креативност, преку користење на интернет радио „Пулс“ како одлична рамка за развивање на подобро интеркултурно учење помеѓу младите од различни земји.

Целна група: Млади луѓе кои се мотивирани да се вклучат во полето на младинско учество и активизам и  во активности кои ќе ја подобрат нивната држава, а исто така и заедницата и информирањето на младите.

Активности:

- Подготвување на неделна радио агенда.
- Соработка со локалните млади и локалните волонтери.
- Имплементирање на голем број на работилници со  деца од Основните училишта, како и млади од 15 до 30 години.
- Спроведуваат бесплатни курсеви за учење на италијански и турски јазик, за сите оние кои се амбициозни и заинтересирани да учат нови работи и да се надоградат.
- Посетување на настава по македонски јазик.

Резултати:         

По завршувањето на овој проект се очекува:

- Да биде поттикната креативноста на младите,
- Да им се подобрени организациските способности,
- Да им се зголеми социјалната вклученост и
- Да им се подобрат навиките за учество.

Date

01 March 2021

Tags

Меѓународни проекти