Случување на мирот - „ЛИЦА ВО АКЦИЈА“

Случување на мирот - „ЛИЦА ВО АКЦИЈА“

Име на проектот: Случување на мирот - „ЛИЦА ВО АКЦИЈА“

Цел на проектот: 

Со цел да го прославиме Месецот на мирот - септември, Каритас/ Франција и Младинскиот совет Прилеп како партнер - организација, на 30.09.2006 година ќе организираат еднодневна манифестација, со цел промовирање, афирмирање и ширење на пораката за мир.

Овој настан ќе биде составен од два дела, првиот ќе биде еден вид графити за цртање кои ќе ја спроведат пораката за мир, а вториот дел ќе биде музичко избувнување на младински музички бендови и танц - групи од Прилеп. Настанот ќе биде со отворен и забавен карактер. Ова ќе биде настан што ќе ја промовира пораката за мир и ќе биде апел до граѓаните да учествуваат на глобалното одбележување на Денот на мирот и ненасилството, 21-ви септември. Оваа манифестација е почестена низ целиот свет и се држи над мотото „Мир еден ден“, а истата ја иницираше британскиот режисер Јереми Гили, кој во септември 1999 година испрати порака до светот со оваа содржина:
„Ако изградите куќа, започнете со тула. Ако сакаме да градиме мир, зошто да не започнеме со еден ден? ... “Jереми Гили.

Date

14 August 2006

Tags

Проекти