A Step of Rural Youth Towards the Future
Наслов: Чекор на младите од рурална средина кон иднината
Времетраење: 01.10.2021 година - 01.10.2022 година (12 месеци)
Цел: Зајакнати млади луѓе со географски и економски пречки за препознавање дезинформации споделени од медиумите и известување за говор на омраза.
- Младите од руралните средини да излезат од својата комфорна зона учествувајќи во неформални активности заедно со своите врсници од 5 европски земји.
- Да се поттикне интеркултурно учење кај младите од руралните средини, кои живеат во 5 различни земји, преку промовирање медиумска и информациска писменост.
Целна група: Млади луѓе од 15 до 29 години, кои имаат економски и географски пречки и кои живеат во рурални средини и немаат можност да го искористат својот потенцијал.
Активност: Младинска размена
- Наслов на активноста: Ајде да одиме напред заедно!
- Времетраење: 8 дена (24.06.2022-01.07.2022)
- Број на групи: 5
- Вкупен број на учесници: 21
Очекувани резултати:
1. Проектот ќе им овозможи на младите од руралните средини:
- Да излезат од нивната комфорна зона,
- Да учествуваат во активности на заедницата.
2. Со учество во неформални активности, младите:
- Ќе станат поактивни во заедницата,
- Ќе им се овозможи подобар пристап до веродостојни информации.
3. Преку заедничка соработка, меѓукултурна соработка и рушење на предрасудите, сите млади:
- Ќе имаат можност да се стекнат со вештини за препознавање на лажни од веродостојни информации споделени од медиумите,
- Ќе се стекнат со вештини за пишување свои статии.