Добредојдовте на страната на Младински Совет Прилеп!

Публикации

Модел За Младински Центар Прилеп

Модел За Младински Центар Прилеп

Овој документ претставува експертски модел за воспоставување и функционирање на општински Младински центар во Општина Прилеп, изработен врз основа на правната рамка во Република Северна Македонија, утврдените стандарди за квалитет на младинските центри донесени од Агенцијата за млади и спорт, како и врз основа на докажаната пракса од Младинскиот центар Охрид, кој функционира како најуспешен и најпрофесионално управуван модел во земјата.

Документот произлегува од Кусиот документ за политики „Воспоставување на функционален општински младински центар во Прилеп — нужен чекор кон развој на младинскиот потенцијал во градот“ (Илиески и Ташкоска), кој ја идентификува неисполнетата законска обврска на Општина Прилеп согласно член 22 од Законот за младинско учество и младински политики и ја препорачува Опцијата 1 — адаптација на постоечки општински објект во партнерство со младинскиот сектор.

Прочитајте го извештајот тука

Оваа содржина е создадена во рамките на проектот „Медиуми на заедницата за граѓански ангажман: Трансформирање на општествените барања во општествена акција“, кој го спроведува Институтот за истражување на општествениот развој РЕСИС од Скопје, со финансиска поддршка од Европската унија. Ставовите и мислењата искажани во содржината не ги претставуваат официјалните ставови и мислења на донаторот. Одговорноста за ставовите и искажаните мислења е во целост на спроведувачите и на авторот.

 

Date

22 June 2026

Tags

Публикации

Publish modules to the "offcanvs" position.