
Биди креатор на својата автономна зона - Младински Центар
Наслов: Биди креатор на својата автономна зона - Младински Центар
Времетраење: 01.11.2022 - 30.04.2023 (6 месеци)
Цел: Придонес кон зголемување на политичката одговорност и транспарентност во локалните заедници.
Целна група:
Средношколци, студенти и млади невработени лица од Општина Прилеп на возраст од 17-29 години. Целните групи се избрани заради тоа што преставуваат најранливата категорија во заедницата кои се директно засегнати од проблемот.
Активности:
А.1 3 ИНФО денови за да влијаеме на подигнување на јавната свест кај младите како и кај креаторите на политики за нивна поголема одговорност и транспарентност во локалната заедница ,
А.2 3 Аудио и 3 Видео поткасти преку кои ќе се испраќаат мотивирачки пораки до младите и локалните власти се со цел да ги потсетат за нивното ветување,
А.3 5 Работилници за дигитално младинско учество,
А.4 4 Настани за собирање потписи т.е петиција за да обезбедиме поголема поддршка од заедницата за прашањето кое што ќе го застапуваме, но и да ги зголемиме притисокот за одговорност локалните власти,
А.5 Тркалезна маса на која што ќе бидат поканети да учествуваат градоначалникот, членови на советот на општината, локални здруженија и млади. На настанот ќе бидат презентирани препораките кои ќе произлезат од младите, собрани преку сите претходно реализирани онлајн и офлајн активности,
А.6 Позициски документ за да влијаеме на локалните власти во унапредување на транспарентноста и да ги повикаме на одговорност за отворање на Младински Центар.
Резултати:
Р.1 Младите се активни и вклучени и ги повикуваат на одговорност локалните власти.
Р.2 Дигитално обучени млади креираат аудио поткасти и видео продукти.
Р.3 Подготвен Позициски документ со препораки од млади во Општина Прилеп.
Активностите се дел од проектот „Поддршка на изборни реформи“ на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини на овие активности не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот.