Младите за ЕУ – Зајакнување на младинското учество и комуникацијата на патот кон ЕУ интеграција
Наслов: Младите за ЕУ – Зајакнување на младинското учество и комуникацијата на патот кон ЕУ интеграција
Youth4EU – Strengthening Youth Participation and Communication on the EU Integration Path
Времетраење: 12 месеци (04.05.2026 – 03.05.2027 г.)
Општа цел:
Општата цел на проектот е да се зајакне младинското учество и знаењето на младите во Прилеп за теми поврзани со Европската Унија, ЕУ вредностите, институциите и процесот на европска интеграција.
Специфични цели:
Проектот има за цел:
- да го зголеми знаењето на младите за ЕУ институциите, ЕУ вредностите, реформите и процесот на пристапување кон Европската Унија;
- да создаде можности за практично учење преку работилници, симулации и врсничка едукација;
- да го поттикне дијалогот меѓу младите, локалните и националните институции за теми поврзани со ЕУ интеграцијата;
- да овозможи младите да креираат и достават препораки до релевантните институции;
- да ја зголеми видливоста на младинските ставови преку Пулс Радио, подкасти, креативни содржини и социјални медиуми.
Целна група:
Главна целна група на проектот се:
- ученици од средните училишта во Прилеп;
- млади активисти;
- наставници и ментори;
- млади вклучени во активности за учество, образование и јавен дијалог.
Крајни корисници:
Крајни корисници на проектот се младите луѓе во Прилеп, средните училишта, локалната заедница, Општина Прилеп, локалните и националните институции, медиумите и пошироката јавност.
Проектот предвидува директно вклучување на најмалку 150 млади лица, како и индиректен досег до повеќе од 20.000 граѓани преку Пулс Радио и социјалните медиуми.
Активности:
Во рамки на проектот ќе се реализираат повеќе активности насочени кон едукација, учество и комуникација на младите за ЕУ теми:
- подготовка на едукативен Прирачник и модули за работилници;
- тридневна Обука за младински амбасадори со учесници од петте средни училишта во Прилеп;
- реализација на 6 Интерактивни работилници за ЕУ институции, вредности и реформи;
- организирање Симулација на Европски парламент;
- организирање Симулација на Советот на Европската Унија;
- организирање 2 Форуми за младинска политика со учество на: млади, пратеници и претставници на институции;
- организирање 2 Јавни дебати со учество на: млади, локални и национални носители на одлуки;
- подготовка и доставување Младински препораки за ЕУ теми до релевантни институции;
- отворен Повик за есеи, ликовни и други креативни творби на тема ЕУ вредности;
- организирање Финален настан, изложба и доделување награди;
- продукција и емитување на 10 Аудио подкасти „Младите за ЕУ“ на Пулс Радио.
Резултати:
Со реализацијата на проектот се очекува:
- зголемено знаење и разбирање на младите за ЕУ институциите, вредностите и реформите;
- најмалку 150 млади опфатени преку Работилници, Симулации и Јавни настани;
- реализирани 6 Интерактивни работилници и 2 Симулации на ЕУ институции;
- зголемено учество на младите во јавен дијалог за ЕУ интеграцијата;
- организирани 2 Младински форуми и 2 Јавни дебати;
- изработени и доставени најмалку 12 Младински препораки до релевантни институции;
- продуцирани и емитувани 10 Подкаст епизоди „Младите за ЕУ“;
- зголемена јавна свесност преку Пулс Радио и социјалните медиуми, со очекуван досег до над 20.000 граѓани;
- реализиран Креативен конкурс со најмалку 40 пријави и наградени 12 млади учесници;
- зајакната улога на младите како активни учесници и комуникатори на ЕУ вредностите во локалната заедница.
Овој проект се спроведува со финансиска поддршка од Шведска преку проектот „Поддршка за европската интеграција на Северна Македонија“, имплементиран од Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС). Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Младински Совет Прилеп и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува ставовите на Шведска и УНОПС.

