Добредојдовте на страната на Младински Совет Прилеп!

Проекти на МСП

Ученици за Учество: Зајакнување на ученичките организации во Прилеп

Ученици за Учество: Зајакнување на ученичките организации во Прилеп

Наслов: Ученици за Учество: Зајакнување на ученичките организации во Прилеп

Времетраење: 01.01.2026 – 01.06.2026

Општа цел:
Да се унапреди младинското учество во средното образование преку поддршка, јакнење и видливост на ученичките организации во Прилеп.

Специфични цели:

СЦ1: Да се изградат капацитети на ученичките организации за ефективно учество и застапување

СЦ2: Да се поддржат мали ученички иницијативи кои промовираат активно учество

СЦ3: Да се зајакне гласот и медиумската видливост на ученичките организации преку радио подкасти

Целна група:

  • Претставници на ученичките организации во трите училишта   (избрани ученици)
  • Средношколци од 1 до 4 година кои ќе бидат мотивирани да се вклучат
  • Наставници/ментори кои ги следат и поддржуваат ученичките организации
  • Широка ученичка популација преку подкастите

Крајни корисници:

На тој начин, учениците ќе добијат можност да го применат наученото преку креирање и спроведување на идеи што се однесуваат на подобрување на училишната клима, промоција на ученичките права или активно учество во процеси на донесување одлуки во рамки на училиштето.

Активности:

Активност 1: Зајакнување на капацитетите на ученичките организации во трите средни училишта во Прилеп

Активност 2: Поддршка на мали ученички иницијативи кои промовираат учество и застапување

Активност 3: Зајакнување на гласот на учениците преку продукција и промоција на аудио подкасти

Резултати:

Р1. Најмалку 30 ученици од трите училишта стекнале знаења за младинско учество и законските основи

Р2. Три ученички организации успешно реализирале мали проекти водени од учениците

Р3. Шест подкасти продуцирани од страна на ученици и емитувани преку интернет радио (Пулс Радио) и социјални мрежи

Оваа активност се спроведува во рамките на проектот „Ученици за Учество: Зајакнување на ученичките организации во Прилеп“, кој е финансиски поддржан од Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Date

01 January 2026

Tags

Локални проекти

Publish modules to the "offcanvs" position.