Дисеминација на резултатите од проектот „Чекор на руралните млади кон иднината“

Дисеминација на резултатите од проектот „Чекор на руралните млади кон иднината“

Еразмус + Hits: 304

Младински Совет Прилеп во соработка со Sistem ve Jenerasyon Dernegi од Турција,  Stowarzyszenie Edukacja przez Internet од Полска и Associacio Prosec од Шпанија, успешно го завршија проектот „A step of Rural Youth towards the future“, поддржан од Еразмус+, KA152-YOU-59E91DE5.

Проектот вклучуваше Младинска размена на која учество зедоа 17 млади од Македонија, Турција, Полска и Шпанија, преку која на младите им се даде можност да се запознаат со  различните културни текови на европската уметност и култура, што претставува значаен чекор кон развојот на интеркултурната активност.

Со своето активно учество и посветеност младите придонесоа до видливи резултати кои што се вредни да се споделат:

По младинската размена, учесниците реализираа и една последователна активност во нивното место на живеење. Имено, тие ги пренесоа новостекнатите знаења и проектните резултати на своите пријатели и врсници. На овој начин информацијата за Еразмус+ се прошири и сподели со други млади.

Print