Гласот на младите се засилува: учениците од Прилеп низ обуки за активно учество

Гласот на младите се засилува: учениците од Прилеп низ обуки за активно учество

Blog Hits: 10

Во рамки на проектот„Ученици за Учество: Зајакнување на ученичките организации во Прилеп“, успешно беа реализирани обуки за младинско учество со ученици од средните училишта во Прилеп.

Овие обуки беа насочени кон јакнење на капацитетите на учениците за активно учество во процесите на донесување одлуки во рамки на училишниот живот, како и развивање на нивната свест за ученичките права и можности за застапување.

Преку интерактивен пристап кој вклучуваше вежби, работа во групи и отворени дискусии, учениците имаа можност да ги споделат своите искуства, да дискутираат за значењето на младинското учество и да истражуваат практични начини преку кои можат активно да се вклучат во донесувањето одлуки во нивните училишта. Ваквиот пристап придонесе за поголема вклученост, размена на идеи и поттикнување на критичко размислување кај учесниците.

За време на обуките, посебен акцент беше ставен на разбирање на концептот на младинско учество, препознавање на предизвиците со кои се соочуваат учениците и развивање на вештини за нивно надминување. Учениците работеа на идентификување на реални ситуации од нивното секојдневие и креирање на можни решенија, што дополнително ја зајакна нивната мотивација и самодоверба.

Енергијата, ангажираноста и ентузијазмот што ги покажаа младите учесници потврдува дека постои силен потенцијал за развој на активни и функционални ученички организации, кои ќе играат значајна улога во унапредување на училишниот живот и поттикнување на демократски процеси.

Оваа активност се спроведува во рамките на проектот „Ученици за Учество: Зајакнување на ученичките организации во Прилеп“, кој е финансиски поддржан од Министерството за социјална политика, демографија и млади.

 

 

Print