Вработување по заслуга, без парична мотификација

Blog Hits: 21

На крајот на 2025 година, во центарот на Кичево беше реализирана улична акција во рамки на иницијативата „Вработување по заслуга, без парична мотификација“, дел од проектот „Иновативно антикорупциско застапување и младинско ангажирање во Северна Македонија“. 

Заедно со Рурална Коалиција се спротивставуваме на корупцијата и непотизмот при вработување во Кичево!

Нашите цели:
1. Поттикнување транспарентен и правичен систем на вработување базиран на заслуги, без мито, партиски влијанија или фаворизирање.
2. Зголемување на јавната свест, особено кај младите, за важноста на фер можности за работа и охрабрување на институции и поединци да пријавуваат неправилности.

Во рамки на уличната акција, се споделуваа информативни материјали и пораки за значењето на фер и транспарентно вработување. Директно учествуваа околу 30 млади и волонтери, додека индиректно беа опфатени околу 200 граѓани. Реакциите беа позитивни, со изразен интерес од граѓаните и отворени разговори за проблемот на корупција при вработување. Заедно можеме да создадеме работно место каде што талентот е на прво место!

Оваа активност се спроведува во рамки на проектот Иновативно антикорупциско застапување и младинско ангажирање во Северна Македонија кој го спроведува Младински Совет Прилеп. Проектот е дел од програмата за мали грантови на СЕЛДИ која се спроведува во рамки на проектот „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: Градење на капацитети за застапување врз база на докази, влијание врз политики и граѓански ангажман (СЕЛДИ.нет)“, финансиран од Европската Унија. Оваа содржина е единствена одговорност на Младински Совет Прилеп и не нужно ги одразува ставовите на Европската Унија и СЕЛДИ.

Print