Заедно за подобра животна средина!

Заедно за подобра животна средина!

Волонтерски тим на МСП Hits: 178

Имавме можност да ја споделиме нашата грижа кон животната средина со учениците од ООУ „Блаже Конески“ во Прилеп!

Во соработка со нив, волонтерскиот тим при Младински Совет Прилеп одржа „Trash for art“ работилница. „Trash for art“ е креативна работилница за рециклирање и реупотреба на отпадот и создавање на вистинска уметничка вредност. На работилницата, учениците ги покажаа своите таленти и креативни способности преку трансформација на обични предмети во вистински мали уметнички чуда. Нивниот ентузијазам и желба да придонесат кон одржливо општество беа инспирација за сите нас. Темата на работилницата не е само креативно изразување, туку и подигнување на свеста за значењето на рециклирањето и зачувувањето на животната средина.

Горди сме што имавме можност да ги подучиме и инспирираме овие млади уметници за важноста и грижата кон животната средина.

Print