ПОВИК ЗА ЧЛЕНОВИ НА ЛОКАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

ПОВИК ЗА ЧЛЕНОВИ НА ЛОКАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

Отворени повици Hits: 168

Сакате да бидете дел од промената во општината?

Ви претставуваме можност да се приклучите кон Локалниот младински совет на Општина Кривогаштани!

Зошто да се приклучите?

Локалниот младински совет е можност каде што вашите идеи и предлози имаат влијание! Имате можност да влијаете врз одлуките кои се однесуваат токму на вас.

Локалниот младински совет има значајна улога за младите од заедницата, и треба да има разбирање за проблемите на младите, за барањата кои младите ги имаат, да им овозможи да се слушне нивниот глас и да бидат препознаени од страна на младите.

Улогата на Локалниот младински совет

Видете го целиот повик тука: https://krivogastani.gov.mk/?p=6322

Рок за пријавување:  31.01.2024

Со гордост објавуваме дека Младински Совет Прилеп, во соработка со Општина Кривогаштани, обезбеди техничка и административна поддршка при подготовка на овој процес.

Проектот „Младинско учество за одржлив развој на руралната заедница“, спроведуван од Младински Совет Прилеп, е финансиран од Европска Унија, преку проектот „Потпри се на младите“, спроведуван од “Македонска развојна фондација за претпријатија”, „Рурална Коалиција“, „Џуниор Ачивмент“ и „ЕЛИТ- Здружение на жени менаџери Скопје.

Print