Зајакнати организации низ проектот „Empowering the people of Pelagonija“

МСП новости Hits: 149

Во насока на јакнење на капацитетите на организациите вклучени во проектот „Empowering the people of Pelagonija“, Младински Совет Прилеп зеде активно учество на 3 обуки: „Стратешко планирање“, „Мониторинг и евалуација“, „Младински активизам“.


„Стратешко планирање“ е креативен процес на умешност и знаење, со кој организациите ја предвидуваат посакуваната состојба и неопходната процедура и постапки за да ја постигнат својата визија. Поставивме јасни стандарди и клучни индикатори за перформансите кои се стремат кон нашата визија.


„Мониторинг и евалуација“ се клучни процеси кои се користат за да се процени напредокот и ефективноста на активностите во организациите. Успешно го реализиравме тренингот на овие два важни сегменти од работата.

Обуката за „Младински активизам“ е од клучно значење за младинските организации бидејќи им помага да ги подобрат своите капацитети и да ги поддржат младите да создадат посилни и повлијателни заедници.

Обуките се дел од проектот "Зајакнување на луѓето од Пелагонија 2" поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија, спроведуван од Про Локал во партнерство со Младински Совет Прилеп и уште 7 локални организации од Пелагонискиот регион.

Print