04 Јуни - Меѓународен ден на децата жртви на насилство

04 Јуни - Меѓународен ден на децата жртви на насилство

МСП новости Hits: 648
По повод 04 Јуни - Меѓународниот ден на децата жртви на насилство, тимот МСП одржа креативна работилница во центарот на град Прилеп, во рамките на проектот „Отпорни училишта за отпорна заедница“.
На работилницата младите од локалното население преку игри и цртежи учеа за другарство, еднаквост и прифаќање на разликите.
Проектот „Отпорни училишта за отпорна заедница“ го спроведува МСП, со поддршка на Форум МНЕ, финансиран од Европската Унија и Министерство за Јавна Администрација - Црна Гора.
Print