Меѓународна младинска размена „Rural Youth Activism for better Green Community“

Меѓународна младинска размена „Rural Youth Activism for better Green Community“

Еразмус + Hits: 387

Младински Совет Прилеп во периодот од 24 до 30 мај 2023 година спроведе меѓународна младинска размена “Rural Youth Activism for better Green Community” во Струга.

20 млади од 2 различни држави со различни култури и една прекрасна локација во Македонија, е одлуката на Еразмус+ Младинска Размена „Rural Youth Activism for better Green Community“, која се одржа во Струга во периодот од 24 до 30 мај 2023 година.

На размената,  фокусирана на промоција на активности за заштита на животната средина, промоција на зелени навики и национални практики за подигање на еко свест, младите од Македонија и Словачка имаа можност преку различни методи, техники и алатки да разменуваат идеи и искуства за чиста и одржлива средина.

Целите на младинската размена беа:

Оваа размена несомнено им пружи неограничена поддршка на младите, пренесувајќи ги новостекнатите идеи и искуства во своите земји со цел да поттикнат иницијатива да го направат општеството подобро место за живеење.

Младинската размена се организира во рамките на Еразмус+ програмата со поддршка од Националната агенција за образовни програми и мобилност.

Проектот се имплементира од страна на Младински Совет Прилеп во партнерство со ADEL Slovakia.

Финансирано од Европска Унија. Искажаните ставови и мислења се само на авторот(ите) и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската унија или Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA). Ниту Европската Унија, ниту „EACEA“ не можат да сносат одговорност за нив.

Print