Прва секторска работилница за младински политики

Прва секторска работилница за младински политики

Младинско учество Hits: 354

На 30.12.2024 година во просториите на Младински Совет Прилеп се одржа и првата секторска работилница за младински политики.

Оваа работилница имаше за цел да ги постави темелите на креирање ефективни политики за млади кои ќе ги водат локалните и регионалните промени.

На оваа работилница присуствуваа претставници од Општина Прилеп, претставници од Младински Совет Прилеп како и млади лица кои активно учествуваат во развојот на заедницата.

На работилницата учествуваше и експертот кој ги презентираше фазите на истражувањето кои ќе помогнат во дефинирање на младинските потреби и предизвици.

Претставниците од општината споделија информации за предизвиците со кои се соочуваат младите во нашиот град.

Ние во соработка со нив ќе изградиме подобра иднина овозможувајќи им да прераснат во креативни и активни граѓани.

Оваа активност е резултат на проектот „Младински политики по мерка на младите“.
Проектот е поддржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

Print