Дали младите од Македонија имаат доволно можности за активно учество?

Дали младите од Македонија имаат доволно можности за активно учество?

Младинско учество Hits: 410
На 23 декември 2024, Младински Совет Прилеп беше дел од Завршната конференција, каде беа претставени предложените измени за подобрување на Законот за младинско учество и младински политики. 
Водени од трите национални мрежи: Коалиција на младински организации СЕГА, Национален младински совет на Македонија и Сојуз за младинска работа, а  со поддршка на младинските организации, се изработија предлози кои ќе ја унапредат младинската политика во земјава!
 
Со овие предлози, ќе осигураме дека: 
  • Ќе се формира Националното собрание на млади! 
  • Ќе се формира Национално советодавно тело!
  • Секој град ќе има Локален младински совет!
  • Ќе се отворат Младински Центри во секоја општина! 
  • Државата и општините ќе одвојат дел од буџетот за младински активности!
  • Ќе се воведат прекршочни одредби за градоначалниците кои нема да го спроведуваат законот!

Нашата цел е реално остварување на правото на младите на младинско организирање и младинско учество!

Print